Радио Милева татковска љубов...

Помалата ќерка на Панки од „Куку леле“ славеше роденден: Каја го стопи срцето на пејачот (ФОТО)

Помалата ќерка на Панки од „Куку леле“ славеше роденден: Каја го стопи срцето на пејачот (ФОТО)

Децата на познатите личности отсекогаш привлекувале исто толку големо внимание на јавноста, па дури и можеби поголемо, како и нивните славни родители. Обожавателите на популарните ѕвезди отсекогаш сакале да дознаат што прават тие приватно, како им изгледа домот, семејството, кучето , мачето, и секако нивните наследници и наследнички… Насекаде во светот е истата приказна, а Македонија не е исклучок од тоа, зашто впрочем, ѕвездите можеби сегде не се толку големи ни богати, ама публиката насекаде е иста… И си ги обожува со истиот жар!

„Куку леле“ со години се една од нанајпопуларните македонски групи или поточно дуо, чија секоја нова песна без исклучок, станува хит. Сашо Каимовски – Панки и како вокал и како соло пејач и забавувач чија харизма е несомнена е човекот кој покрај авторот Роберт Саздов, ја има половина од заслугата за успехот на нивната популарност.

Панки е градска фаца, урбан лик, кој јавноста оддамна го познава не само по вокалните квалитети и медиумската популарност стекната со пеењето и музиката. Тој отсекогаш бил и дел од скопските урбани приказни за жестоките момчиња од скопскиот и не само скопскиот асфалт… Од времето на раните 90-ти и УНПРОФОР тепачката во една позната скопска кафеана со војниците на тогашните мировни воени припадници лоцирани во Македонија и регионот, кои пијани не знаејќи со кого си имаат работа „ја чачкаа мечката“, па посетата на Војислав Шешељ и неговиот прием на храбрите скопски момчиња кои се пресметале со тогашниот „агресор“, преку приказните за мистериозната, ненадејна смрт на неговата сопруга, па се’ до приведувањето и затворот во соседна Грција заради наводното „позајмување“ пари од банкомати со фалсификувани платежни картички… И уште „сто ти една прикаска“, која нема многу врска со пеењето, а низ која се провлекува името на Панки…

Оние што го познаваат одблизу, знаат дека Панки одвнатре е всушност сосема поинаква душа… Меѓу останатото и посветен родител, предан татко на две прекрасни ќерки, две млади девојки на кои тој им е се’… А, и тие нему!

За постарата – Јана, веќе пишувавме дека е вистинска убавица, на која можат многумина да и позавидат. Девојка која може да застане раме до раме со ќерките на познатите фаци во регионот – од Цеца и нејзината Анастасија до Анабела и нејзината Луна или Хелена на Топалко, Елена на Миле Китиќ… Па дури многу од нив и да засени со својата убавина, шарм, маркантност, привлечност, стил…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kakva-anastasija-kakva-luna-kjerkata-na-panki-od-kuku-lele-e-ubavica-od-bajkite-foto/

Панки покрај неа ја има помалата – Каја, која токму деновиве наполни 14 години. Заради околностите со корона пандемијата таа роденденот го славеше дома, во друштво на семејството, на најблиските, најмилите…

Посветениот татко секако не пропушти да биде со својата помала галеница, а при тоа да ја изненади со роденденска торта на која беше испишана роденденската честитка,  нејзиното име и годините што ги полни.

Панки беше тој што ги запали прскалките и свеќичките на тортата, а Каја онаа што ги дувна… Семејната роденденска идила и својата радост пејачот ги долови и сподели на својот Фејсбук профил преку неколку фотографии и роденденска порака до своето помало чедо:

„Среќен ти 14-ти роденден љубов моја, татина“ – напиша Панки покрај фотографиите со што ги растопи срцата не само на своите обожаватели, туку и на многумина што го познаваат, но и на безбројните следбеници на социјалните мрежи.

„Остани“ – е насловот на една од познатите песни на „Куку Леле“… Како што детето за својот родител секогаш ќе остане дете, како секоја ќерка за својот татко, како Каја за Панки…“! Да е жива и здрава, среќна, радосна и успешна низ годините… многу повеќе и од славниот татко!

To top