Како и сите музички изведувачи, така и Сузана Гавазова не може да има настапи непосредно пред публика поради марките за заштита од коронавирусот, но затоа може да им запее на обожавателите преку ТВ екраните и да гостува на телевизиски емисии.
Вчера, таа беше гостинка во емисија кај ТВ водителката Анита Даева каде разговараа за актуелнни теми, а Сузе секако запеа пред камерите и ги развесели присутните во студиото, колегите музичари ама и сопругот Јасмин кој го снимаше секој нејзин покрет.
За овој повод Сузе се одлучила да облече црн светкав комбинезон кој совршено и прилегаше, а во фокусот беа нејзините бујни атрибути и градите кои прелеваа отстрана.
Затоа ова издание и гостување пред камерите мораше да се обековечи и за на Инсатграм, за бројните фанови навремено да бидат известени какви активности има Сузе и каде ќе може да ја видат.