Живот и Стил

Дневен хороскоп: Понеделник (30.Ноември,2020 година)

Дневен хороскоп: Понеделник (30.Ноември,2020 година)

ОВЕН

Работа: Парите кои сте ги барале од банка, конечно, легнуваат на сметка. Прецизно планирате како да ги потрошите.

Љубов: Уживате во флерт иако сте свсни дека нема да дојде до сериозен однос поради статусот на втора личност.

Здравје: Стабилно здравје.

БИК

Работа: Горди сте на себе. Вложениот труд се исплател и уживате во резултатите од работата.

Љубов: Задоволни сте од односот со партнерот. Сте сфатиле дека нема причина за љубомора и сега сте опуштени.

Здравје: Проблеми со дишните органи.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Решени сте да ги надминете работните проблеми кои го забавуваат процесот на работа. Добивате конкретна помош од колега, и тоа многу ви значи.

Љубов: Толку сте задоволни од врската што се плашите да не го загубите партнерот.

Здравје: Добро здравје.

РАК

Работа: Задоволни сте од развојот на работната ситуација. Комуникацијата со колегите е одлична.

Љубов: Партнерот прави проблеми во врската. Сметате дека без причина е љубоморен, но не успевате тоа да му го докажете.

Здравје: Стабилно здравје.

ЛАВ

Работа: Ве очекува успех. Вредни сте, знаете што сакате да постигнете и како да го остварите.

Љубов: Иницирате комуникација со симпатијата. И давате време подобро да ве запознае и да ве процени.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Успешно ги реализирате работните планови. Она што ве загрижува се финансиите. Не успевате да ги стабилизирате.

Љубов: Посветете се на брачниот партнер. Ви делува нерасположено, па пробајте да му го вратите расположението.

Здравје: Промени на кожата се можни.

ВАГА

Работа: Задоволни сте како работата се одвива. Надредената личност ви сугерира одредени промени кои вие ги сметате за непотребни.

Љубов: Не сте опуштени кога врската е во прашање. Љубоморни сте и правите проблем без потреба.

Здравје: Проблеми со варењето.

ШКОРПИЈА

Работа: Фокусирани сте на реализација на работните планови. Работите не одат како што сте очекувале, но тоа не ве демотивира.

Љубов: Задоволни сте од односот со партнерот и во целост му се посветувате.

Здравје: Бубрезите се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Задоволни сте од работната ситуација. Некои планови ги носите потпирајќи се на интиуцијата.

Љубов: Партнерот инсистира на разговор. Потребно му е да го чуе вашето мислење и совет.

Здравје: Нешто сте стегнати. Ви треба опуштање.

ЈАРЕЦ

Работа: Задоволни сте од развојот на соработката со странците. Добро се разбирате, имате сличен став и размислувања и цели.

Љубов: Посесивни сте кон саканата личност, но таа го гледа како израз на вашите емоции.

Здравје: Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Работа: Работните прилики наложуваат прилагодување, и вие се прилагодуват. Тоа носи позитивни ефекти.

Љубов: Запознавате нова личност која остава одличен впечаток на вас. Планирате да продолжите со дружење.

Здравје: Стабилно здравје.

РИБИ

Работа: Тековните работи нормално се одвиваат. Имате впечаток дека дошло време да се посветите на новите обврски.

Љубов: Уживате во односот со брачниот партнер. Без разлика што сте долго заедно, и натаму емоциите се интензивни.

Здравје: Ве мачи несоница.

извор:нетпрес.ком.мк

To top