Џејми Оливер се прослави со едноставните рецепти кои секој може лесно да ги подготви, а неговите специјалитети и покрај тоа се многу вкусни и уникатни.
Овој оброк можете да го послужите за појадок, но и за ручек или вечера, а можете да додадете или да ги смените состојките по желба. Евтин е и многу брз, и истовремено едноставен за подготовка.
Состојки:
– 8 јајца
– зелен зеленчук (кељ, блитва, зелје, спанаќ, грашак)
– рикота
– маслиново масло
– сок од лимон
View this post on Instagram
Подготовка:
Добро измијте го зеленчукот, исецкајте го и ставете го во некој сад, па зачинете со сол, масло, сок од лимон и потоа додадете ги претходно лесно изматените јајца.
Загрејте го маслото (или путер) на тавче, додадете ја смесата од јајцата и зеленчукот, па парчето рикота. По желба додадете и малку изрендан пармезан.
Кога ќе ја испржите оваа фритата, префрлете ја тавата во рерна на уште неколку минути. Кога ќе биде готово, исечете ги на поголеми парчиња и послужете со суви маслинки или домати.
извор:точка.ком.мк