Живот и Стил Антобиотиците и исхраната

Што смеете, а што не смеете да јадете додека пиете антибиотици

Што смеете, а што не смеете да јадете додека пиете антибиотици

Антибиотиците се лекови кои лекуваат само бактериски инфекции, болести предизвикани од одредена бактерија. Исто така, антибиотиците може да ги елиминираат “добрите” бактерии кои се потребни на човечкото тело, и така да доведе до многу несакани ефекти за време на третманот на бактериската инфекција.
Кога вашиот лекар ви препишува терапија со антибиотици, задолжително прашајте го дали има некоја храна со која антибиотикот не треба да се меша.
Одредени видови на храна може апсолутно да ја блокираат апсорцијата на лекот, да ја намалат апсорбцијата на лекот, да предизвикаат непожелна реакција на организмот од лекот.

Која храна треба да ја избегнувате додека користите антибиотици?

Кисела храна

Многу киселата храна, како што се цитрусните овошни сокови, газираните безалкохолни пијалаци, какаото и производи кои содржат домати, може да ја намали апсорпцијата на лекот. Најлошата антибиотска реакција е со грејпфрут и неговите производи.

 

Млеко и млечни производи (освен јогурт)

Големата количина на калциум, кој се наоѓа во млекото и млечните производи, за време на третманот со антибиотици може да ја блокира апсорпцијата на лекот. Калциумот ја намалува способноста на организмот да го апсорбира хинолинот (тип на антибиотик). Затоа, терапијата со антибиотици треба да се зема два часа по суплементите или храната што содржи калциум. Јогуртот содржи пробиотици кои помагаат при терапија со антибиотици.

Храна која содржи многу диетални влакна

Леќата, гравот, малините и целите зрна, поради високата содржина на диетални влакна го забавуваат празнењето на дигестивниот тракт. Ова е одлична работа кога сакате да ја јадете помалку, но не е добро да се јаде додека се пијат антибиотиците бидејќи ја намалува апсорпцијата на лекот.

Алкохол

За време на терапијата со антибиотици, треба да се избегнува консумирањето на алкохол. Иако алкохолот не влијае негативно на антибиотиците, во комбинација со нив може да доведе до несакани ефекти како што се болки во стомакот, гадење и поспаност.

Храната што поттикнува развивање на габите 

Терапијата со антибиотици може да го забрза ширењето на габите кои се природно мали во нашето тело. Симптомите на зголемен број на габи се бели траги на јазикот, дијареа, повраќање, печење, чешање или секрет на урогениталниот тракт. Затоа, неопходно е да се намали или целосно да се елиминира храната богата со шеќер и храната која содржи габичен квасец. Ова се однесува на следнава храна: торти, колачи, леб, тестенини, бисквити, компири, ориз, индустриски овошен сок, оцет, кисел зеленчук, пушена храна, алкохол, ферментирана храна, зрна, сушено месо и овошје, печурки.

Каква храна треба да користите за време на антибиотска терапија?

Пробиотици

Еден од несаканите ефекти на антибиотската терапија е дијареата. За да се ублажи дијареа за време на антибиотска терапија, се препорачува земање на пробиотици. Тие се корисни бидејќи можат да ја вратат нормалната бактериска флора во цревата. Исто така, овие “добри” бактерии можат да го подобрат ефектот на антибиотиците. Јогурт, кисело млеко и кефир се добар извор на пробиотици. Вашиот доктор може да Ви препорача пробиотици како додаток. Пробиотиците се земаат два часа пред или по антибиотиците.

Храна богата со витамини К

Во случај на долготрајна употреба на антибиотици, пожелно е снабдување на организмот со витамин К. Антибиотиците може да ги елиминираат “добрите” бактерии во цревата, и така да се спречи производството на витамин Ц (има значајна улога во коагулацијата на крвта). Зелениот зеленчук е богат со витамин К.

Храна со антигабични својства

Понекогаш антибиотиците можат да го стимулираат растот на габите. Белиот и црниот кромид имаат антигабични ефекти и се идеални во борбата против габите.

Исхрана по антибиотска терапија

Како што веќе рековме, речиси сите антибиотици може да предизвикаат дијареа предизвикана од нарушувањето на рамнотежата на добрите и лошите бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Луѓето со дијареа треба да земат во предвид соодветна хидратација на телото и тоа го сочинуваат изгубените електролити. Најдобро е да пиете вода на која може да се додадат електролити (купени во аптеките) и 100% природни сокови. Исхраната треба да биде богата со мека и лесно сварлива храна, како што се банани, варени јаболка, круши без кора, овес, тестенини, тост-двопек, крекери, млечни производи со обезмастено млеко, пудинг, јајца и супи. Треба да додадете храна која содржи пробиотици: јогурт, кефир, кисело млеко сирење со додадена пробиотски култури, некои производи од соја и комбуха.

To top