Брадата, како и косата, бара од вас да и посветите одредено време. Па така, имате две опции за брадата. Првата е да ја избричите и да се бричите редовно, а другата е едноставно да ја пуштите да расте, но тогаш тоа бара и одредена грижа околу неа. Затоа, ние одговораме на прашањето – како правилно ја миеме брадата?
Многу често кај одредени мажи се случува на брадата да и обрнуваат многу малку време и внимание, дури и еднаш или два пати неделно да се сетат да ја измијат брадата додека се тушираат. Што тоа не е баш најдобро.
Воглавно брадата е дел од нас кој навистина бара малку поинаков пристап за чистење и нега, односно никако да не ја третираме како косата, бидејќи ни самите влакна како ни скалпот, односно лицето немаат ист состав и не бараат исти средства за чистење и нега.
Шампон
Брадата треба да се мие, треба да ја шампонираме. Се разбира, шампоните за коса не се исти како шампоните за брадата и овие два средства секогаш треба да се одвојат. Шампоните за брада се малку понежни и првенствено со природни состојки.
Можеби Head and Shoulders или Taft делуваат примамливо, пишува дека се особено нежни и дека прекрасно мирисаат, но единственото нешто што ќе направите е што ќе ја уништите вашата брада, таа ќе стане сува, врвовите ќе пукаат, тешко ќе ја чешлате и на крајот ќе се испреплете. Ќе добиете првут и ќе се појави чешање.
Како да се мие брадата
Доволно е брадата да се мие еднаш до два пати неделно. Да дозволиме на природните состојки на кожата и природните масла да го направат своето и да ја негуваат брадата. Брадата има свој антибактериски микросостав, така што со секое исплакнување со средствата за брада го миете и тој микросостав кој е потребен за правилна и здрава форма за раст на брадата. Овој антибактериски штит не прави нас, кои имаме брада поздрави, бидејќи како антибиотиците ги уништува разните штетни бактерии кои ни влегле во телото. Во основа 2-3 мали капки шампон (количината на процентотво зависност од големината на брадата) ги размачкуваме на дланките и полека ги нанесуваме на брадата. Правецот на миење нека биде од внатре кон надвор. Значи шампон пената ја нанесуваме во брадата и полека ја повлекуваме кон надвор, кон врвовите, да си дадеме време и да се обидеме да го фатиме секое влакно. Иако се чини невозможно, 2-3 минути масажа со шампонот за брада гарантира дека сте ги измиле сите влакна.
Плакнење
Брадата исплакнете ја под млаз вода. Од суштинско значење е темелно да се исплакнат сите остатоци од нечистотиите и од шампонот. Кога ќе ја исплакнете брадата, уште еднаш измијте ја.
Сушење на брадата
Многу мажи кои имаат брада користат фен за коса за да ја исушат брадата. Сето тоа е во ред, но никогаш немојте да го пуштате фенот на најтопло и на најсилно. Ако ја сушите брадата со фен, тогаш сушете ја со малку топол воздух. Но, препорачливо е да ја избришете брадата со пешкир, извадете колку што е можно повеќе вода и оставете ја сама да се исуши. Додека е влажна, обавезно исчешлајте ја со широк чешел за брада. Со еден збор, отплеткајте ја брадата која се заплеткала.
Нега на брадата
Кога ќе ја отплеткате брадата, пожелно е да ја третирате со масло или балзам за брада. Првенствено, користете масла или балзами од природни состојки, како што се Blackbeard или Proras. Можете да направите свое масло дома. од Ставете неколку капки во дланката на вашата рака, односно проценете ја количината на масло што ви треба во однос на големината на брадата. Размалкајте го маслото на дланките, загрејте го со триење на рацете и масирајте го во брадата. Масирајте, така што маслото ќе го нанесете од корените до врвовите на брадата. Односно, со врвовите на дланките или прстите, нанесете го маслото на кожата под брадата со масажа. Со дланките обликувајте ја вашата брада во природна форма и расчешлајте ја со чешел. Со дополнителното чешлање, ќе бидете сигурни дека маслото е нанесено на сите делови од брадата.
Иако на прв поглед изгледа како да има премногу работа, неретко ви треба повеќе од 5 минути за целиот процес.
Комплетното миење на брадата со шампони правете го по потреба. Ако не работите со нафта или во градежништво, брадата не ја мијте повеќе од 2-3 пати неделно. Но, секое утро или пред спиење слободно измијте ја, навлажнете со млака вода пред да нанесете масло за брада.
Нанесете масло наутро и навечер, бидејќи обезбедува хидратација и ја храни брадата со хранливи материи, така што брадата е здрава и природно убава.