Коцката за супа е прилично едноставна за правење, а вкусот може да се прилагоди според вашите желби – малку повеќе зеленчук, помалку сол…
Во продолжение ви претставуваме рецепт за домашна коцка за супа по ваш вкус!
Потребни состојки:
– 1 помал компир
– 1 поголем морков
– 1 помала тиквичка
– 1 помала главица кромид
– половина врзоп магдонос
– 100 гр. сол
– 1 лажица масло
Начин на подготовка:
Сите состојки ситно исечкајте ги и ставете ги во тефлонско тавче во кое нема да се залепат за дното. Ставете малку вода и продинстајте сè додека не испари сета течност што ќе ја испушти зеленчукот. Додајте сол и масло и продолжете да мешате уште неколку минути.
Сомелете ги сите состојки и вратете ги во тавче за да се исушат малку. Кога ќе добиете смеса густа како тесто, тргнете го тавчето од оган и распоредете ја смесата на хартија за печење. Од неа направете правоаголник со дебелина од 1 центиметар и замрзнете го 12 часа.
Потоа, исечкајте ја смесата на коцки. Секоја коцка завиткајте ја во хартија за печење и ставете ја во фрижидер – тоа е правилниот начин на нивно чување.
Од оваа смеса се добиваат 9 коцки, а зеленчукот може да се измени по желба и вкус.
извор:точка.ком.мк