Се омажив за Лука Јовиќ веднаш штом му се породи поранешната девојка, призна манекенката Софија Милошевиќ! Таа открива дека започнала да се забавува со српскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид само четири месеци откако тој го добил синот Давид со Анѓела Маниташевиќ, во февруари 2019 година.
Имено, Анѓела и Лука беа заедно од 2014 до 2016 година, кога раскинаа. Две години подоцна, тие одново се сретнаа, нината љубов се’ уште не беше сосема згасната и страста резултираше како што призна и самата Анѓела, таа да остане непланирано бремена. Без оглед на бебето, двојката не остана во врска, а веднаш потоа Софија влетала во животот на Лука.
„Ја криевме врската колку што можевме. Бевме во многу неблагодарна ситуација, затоа што тој штотуку стана татко и доби дете, па сето тоа беше комплицирано. Тој не беше со таа девојка веќе неколку години, а во медиумите ме опишаа како да сум јас таа што растура бракови, а таму немаше брак“ – рече манекенката за време на гостувањето на ТВ Прва.