Луна Ѓогани е во третиот месец од бременоста и чека дете со својот вереник Марко Миљковиќ, а нејзиниот поранешен љубовник, пејачот Слоба Радановиќ сега за прв пат ја прокоментира нејзината бременост.
Имено, Слоба одговараше и на прашања што гледачите му ги поставуваа преку Инстаграм, а едно од нив гласеше:
„Дали и честитавте на Луна за бременоста?“ – беше прашањето за Радановиќ.
„Не… Им посакувам се’ најдобро во животот, но што имам јас да им честитам“ – одговори Слоба во шоуто на Ами Џи.
Да ве посетиме дека Слоба јавно ја изневери тогашната сопруга Кија Коцкар со Луна во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, а по неколку месеци тие ја раскинаа врската, но Кија никогаш не му ја прости измамата на својот тогаш се’ уште актуелен сопруг и набргу по завршувањето на шоуто, тие се разведоа.