Мандарините дефинитивно се меѓу овошјето што може да се консумира на различни начини! Денес споделуваме еден вкусен рецепт со мандарини, бадеми, маслиново масло… и уште многу други вкусни состојки!
Потребни состојки:
За тестото:
- 2 јајца
- 110 г пченкарно брашно
- 170 г пченично брашно
- 12 г прашок за пециво
- 170 г јогурт
- 80 г маслиново масло
- 170 г мед
- 1 лажица ликер амарето
- 1 јаболко
- 3-4 мандарини
- бадеми
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 180 ° С.
- Јајцата, медит, маслото и амарето се мешаат неколку минути додека не се добие пенеста смеса. Измешајте го брашното и прашокот за пециво и наизменично додавајте јогурт. Додадете рендана кора од мандарини и рендано јаболко. Измешајте добро.
- Калапот премачкајте го со путер и посипете го со брашно (отстранете го вишокот), истурете ја смесата и протресете да се изедначи.
- Излупете ги мандарините и исечете ја на парчиња. Наредете ги по желба.
- Печете во загреана рерна 40-50 минути, во зависност од рерната, или додека чепкалката не излезе сува. Оставете да се излади, посипете малку со шеќер во прав и украсете со бадеми.
извор: кајгана