Живот и Стил

Ќе ви заледи крвта: Фотографија од најголемата ајкула под брод полн луѓе ги преплаши социјалните мрежи

Ќе ви заледи крвта: Фотографија од најголемата ајкула под брод полн луѓе ги преплаши социјалните мрежи

Фотографијата на која огромна ајкула плива под брод полн луѓе, неодамна предизвика хаос на социјалните мрежи. Сепак, најчесто поставувано прашање е дали ова е навистина возможно или станува збор за оптичка илузија.

Неверојатната фотографија која ја направил фотографот Том Канон, настанала во близина на брегот на Западна Австралија. Канон и неговиот пријател Сем Лоренс, кој се занимава со истражување на морињата, но и фотограф, основале компанија под името “Ocean Collective Media” која се занимава со промовирање на дивиот свет.

Оваа фотографија привлече посебно внимание затоа што се чини дека ајкулата во секој момент ќе го проголта бродот. Сепак, работите се малку поинакви – станува збор за оптичка илузија, која фотографите ја нарекуваат “присилна перспектива” во која објектите се поставуваат така за да изгледаат поголеми, помали, оддалечени или подоближени отколку што навистина се.

“Кога ја направив фотографијата, ајкулата беше оддалечена на неколку центиметри од мојот апарат”, рекол Том и додал дека бродот стоел неколку метри подалеку.

Како што објаснил тој, ајкулата била многу љубопитна и поминала цели 50 минути до површината на водата, набљудувајќи ги луѓето кои биле во близина.

“Тоа беше навистина ретко искуство да имаме толку љубопитна ајкула”, рекол Канон и додал дека тие обично пливаат во прави линии во потрага по храна. Овој вид на ајкули може да порасне и повеќе од 40 метри.

Во видеото погледнете како изгледа ајкулата и како истата реагира на луѓе.

извор:точка.мк

To top