Овен – Планирате подобрување на интериерот во домот, а за тоа ќе очекувате подршка од целото семејство. За жал сите ќе се оправдаат со некои свои обврски, така да на работа ќе мора да се препуштите самите. Не се грижете ќе имате доволно енергија да направите голема работа. Наградата нема да изостани.
Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности на кои порано неможевте да му се доближите. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното.
Можни се проблеми со крвниот притисок.
Бик – Тешкотии во комуникациите ќе имате се помалку. Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате со претпоставените.
Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови и големите купо-продажби. Добро би било ако на ова поле посветите повеќе внимание. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни.
Вашите способности, особено кога е во прашање започнување на некој потфат ќе дојдат до израз ако се наоѓате на некое раководно место или ако планирате да започнете нов бизнис. Ако работите во некоја затворена установа ве очекуваат унапредувања.
Покрај повремените болки во коските, можни се и полесни воспаленија на урино-гениталниот систем.
Близнаци – Потребна ви е голема волја и енергија да вложувате за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувате во ситници и непотребни расправии.
Не превземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи.
Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.
Ќе имате главоболки и ќе бидете нервозни. Не го оптеретувајте нервниот систем. Одморете се.
Рак – Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. На работното место ќе забележите значителна предност пред вашите соработници.
Ќе доминираат вашата оригиналност и висока стручност што ќе ви овозможат да добиете некое признание на кое нема да обрнете некое поголемо внимание. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување.
Здраствената состојба ви е повеќе од добра.
Лав – Внимавајте на настаните кои се случуваат во вашата блиска околина и сторете нешто да не ве затекнат и вас. Во комуникациите имате напредок, периодот ви е одличен за склопување на пријателства како деловни така и приватни. Во потрега за некои нови хоризонти, или проширување на сегашните ќе се обидете да отпатувате некаде каде што до сега не сте биле. Ќе имате прилика да се покажете во јавноста и да се докажете со своите квалитети.
Ќе имате повеќе енергија и за стекнување на нови знаења што би користело на претставниците кои се школуваат. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но нека не ве загрижува тоа, бидејќи набрзо ќе се поправи.
Здравје, Нестабилно. Ви треба повеќе движење, пешачење.
Девица – Најдобро за вас неделава е да ги оставите плановите и проектите кои би ви донеле брза заработувачка на страна. Периодот не е поволен за таков вид на работа.
Посветете и се повеќе на тековната работата и можете да очекувате големи успеси, вие го заслужувате тоа. Ќе доживеете големо разочарување од лице на кое сте му се довериле. Тоа можи скапо да ве чини, па би било добро да си го чувате грбот.
Избегнувајте средби со вашите претпоставени колку што можете и намалете ги активностите во јавноста. Некои од вас ќе се почуствуваат осамено и многу тешко ќе наоѓаат истомисленици, па на тој начин ќе бидат оневозножени во своите настојувања.
Здравје, Нежно, можни се проблени со стомакот и варењето на храната.
Вага – Ќе бидете вознемирени поради моменталните настани и ќе делувате конфузно, така да вашите објаснувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Нема причина да ризикувате прифатете некоја поскромна понуда. Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чуства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава.
Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да поделите некоја тајна. Најдете го вистинското решение. Финансиската состојба не ве загрижува, па повеќето од вас ќе си дозволат и трошење, можеби и купување на невжни работи.
Здравје, Помалку чуствително, можни се болки во пределот на грбот.
Скорпија – Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Вие си ја гледате вашата работа и продолжете така.
Имате доволно енергија за започнување на нова работна задача, ве очекува период во кој слободно можете да се впуштите во нова трговска зделка или пак да се јавите како посредник во некои деловни преговори. Оние кои се занимаваат со интелектуална работа, посебно со пишување, ќе имаат голема инспирација за творење.
Здравје Одлично, одржувајте ја кондицијата.
Стрелец – Иако ќе работите напорно ќе бидете полни со енергија и мошне задоволни со себе. Ќе се занимавате со работи кои во целина ве задоволуваат. Работните пропусти кои сте ги направиле и не се така големи за да прифатите нечија казна или остра критика.
Обидете се вашите соработници да ги прифатат релните објаснувања и моменталните услови кои делуваат на заедничкиот успех. Нема да ви се допаѓа нечија улога во деловните средби, но вие не треба да се оптеретувате со проценки на туѓите способности и вредности. Добро размислете и почекајте вистината да исплива на површина. Држете до позитивен став во деловните сортаботки.
Здравје, Чуствително, можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.
Јарец – Ќе бидете свртени кон работата, филозофски теми и патувања, па приватниот живот помалку ќе го запоставите. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Двоумењето се однеусва на работата или пак некое патување. Бидејќи со успех ќе ги совладувате препреките при крајот на неделата очекувајте подобриување на расположението.
Среќата оди во ваша насока, така што некои работи кои сете ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право. Здравје Добро, внимавајте во сообраќајот.
Водолија – Ситуацијата на работното место ви е прилично заплеткана. Бидете пофлексибилни така полесно ќе стигнете до целта. Решението ќе го најдите ако ја надмините расеаноста и се потрудите проблемите да ги решавате посмирено. Некои работи што во минатиот период ве измачувале неделава од нив ќе се ослободите, па со голема недеж ќе гледате за понатаму.
За тоа имате доволно оправдани причини, бидејќи за тоа на време сте се избориле. Финансиската состојба значително ќе ви се подобри и тоа повеќето од најнеочекуваните извори.
Здравје Помали проблеми со половината.
Риби – Ќе бидете многу чуствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Не се расплинувајте на неважни работи, особено не на измислени здраствени проблеми.
Обидете се повеЌе да се концентрирате и да се посветите на работата, бидејќи доста сте заостанале со се и сешто, а тоа би можело да предизвика бес кај вашиот шеф или пак членовите од семејството. Тоа навистина во моментот не ви е потребно.
Доста сте нервозни, а тоа е штетно за вашето здравје. Ако ве загрижува тежината обидете се со дијета или спорт.
извор:дивианартс.мк