Бозата е ориентален напиток, стар повеќе од илјада години. Некогаш во секоја слаткарница можевме да се освежиме со боза, но во овие модерни времиња тоа е реткост.
За разлика од нездравите, газирани напитоци преполни со шеќери кои денешните деца ги пијат во големи количини, бозата е природен, здрав и закрепнувачни напиток преполн со витамини.
Содржи голема количина Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12), витамин А и Е, како и железо, а ценета е и како напиток кој го полни организмот со енергија. Бозата содржи голем број корисни бактерии и е особено добра за спортистите, трудниците и родилките.
Рецептот за боза е едноставен и секој може без проблем да ја припреми во својот дом.
Потребни состојки:
– 5 литри вода
– 1 килограм шеќер
– 600 грама непросеано пченкарно брашно
– 30 грама квасец
Начин на припрема:
Пченкарното брашно прелијте го со 5 литри топла вода и оставете го да отстои еден ден. Утредента варете го околу 2 часа со повремено мешање. Кога ќе се излади додајте го квасецот, така што претходно ќе го промешате во малку вода и ќе го оставите да нарасне. Промешајте и оставете да отстои преку ноќ.
Следниот ден процедете и додајте го шеќерот. Мешајте додека шеќерот не се растопи.
Поради релативно големата содржина на квасец, бозата не може долго да го задржи слаткиот вкус бидејќи доаѓа до ферментација и претворање на мешавината на квасец и шеќер во алкохол, по што го губи својот вкус.
Затоа, овој напиток задолжително чувајте го во фрижидер, но и подгответе количина која можете да ја потрошите за релативно кратко време (до 48 часа).
извор:точка.ком.мк