Сека Алексиќ имаше настап во Сараево, а во таа прилика имало неколку повици како дојава за подметната бомба во местото каде се случувал концертот.
-Лошиот глас побрзо се слуша од добриот. Кога тоа се прочу низ Србија, сите ми се јавија, првин мајка ми, потоа родителите на Вељко, па колегите, но се беше во ред, тоа е најважно. Протоколот беше таков што мораше сите да излезат надвор, да се прегледа објектот. Апсолутно никој не замина дома, сите се вратија. Тоа беше еден од поуспешните настапи годинава, вели Сека за емисијата „Премиера“.
Сека Алексиќ потоа одржа уште еден концерт, во Нови Сад и во таа прилика откри дека станувало збор за лажна дојава.