Живот и Стил

Дали знаете дека емпатијата е училиштен предмет во Данска?

Дали знаете дека емпатијата е училиштен предмет во Данска?

Од 1993 година во Данска задолжителен предмет во училиштата е емпатијата. Можеби тоа е причината зошто во извештајот на ОН од пред неколку години оваа земја е прогласена за една од најсреќните во целиот свет.

Постојат многу причини зошто Данска воведе емпатија во училиштата. Докажано е дека емпатијата помага во градење подобри односи, го намалува бројот на врсничко малтретирање меѓу учениците и помага во работата. Емпатичните тинејџери се многу понасочени кон задачи и цели наспроти тинејџерите што немаат развиена емпатија.

Со оглед на тоа дека целото школување во Данска е многу прогресивно и ориентирано на развој на животни вештини, не е чудно што овој предмет се најде во училиштата. Еден час неделно е посветен на лекции за емпатија, а предметот го изучуваат деца на возраст од 6 до 16 години.

 

Во текот на часовите учениците разговараат за своите проблеми, без оглед дали се поврзани со училиште или не. Потоа целиот клас бара решенија. Основата на решенијата е во внимателното слушање и разбирање. Доколку се случи да не постојат проблеми за кои може да се разговара, учениците можат да поминат време уживајќи и одмарајќи се. Тоа е нешто што Данците го нарекуваат „хиге“, а за кое во нашиот јазик нема соодветен превод. Едноставно објаснето, хиге претставува создавање пријатна, топла и интимна атмосфера.

Тимската работа е клучот во изучување на емпатијата. Резултатите од истражувањата покажуваат дека 60 отсто од задачите во данските училишта се извршени со помош на тимска работа. Не се истакнуваат поединци, туку се работи на тоа да им се помогне на помалку талентираните деца на кои им треба помош. Со заедничко учење децата можат да научат многу повеќе работи отколку кога се натпреваруваат меѓу себе за подобри оценки и поголемо внимание.

Нашето образование не е ни блиску до данското и сигурно дека наскоро нема да имаме можност нашите деца да учат вакви важни работи, но се надеваме дека со оваа приказна инспириравме самостојно, во семејството, да посветите време на данскиот начин на воспитување и грижа. Вашите деца ќе ви бидат благодарни и полесно ќе се соочат со сето она што ќе им го донесе животот во иднина.

Извор

To top