Дуњата содржи изобилство од витамини, а во народната медицина се користи веќе со децении. Таа пред се’ се користи за ублажување на упорната кашлица и смирување на стомачните тегоби.
Лековит е самиот плод, но и семките и листовите. Дуњата може да се консумира свежа, но од неа се прават и сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни во отстранување на многу здравствени тегоби.
Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали. Таа содржи витамин Ц во големи количини, дури повеќе од лимонот. Содржи и витамин Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа содржи и протеини, диетални влакна и јаглехидрати.
Најлековитиот дел од дуњата се семките од кои се прави чај. Кога ќе отстојат во вода, семките испуштаат слуз кој го решава проблемот со кашлицата и го чисти респираторниот систем. Покрај тоа содржат и големи количини на амигдалин односно витамин Б17 кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери, емулзин и протид.
Благодарение на танинот, дуњата поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести. Пектинот поволно влијае на крвниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и овозможува заштита од радиоактивно зрачење.
Сокот од дуња лекува кашлица, астма и дијареа, додека печената или варената дуња се препорачува кај анемични лица, но и за лекување на воспаленија на желудочната и цревната слузокожа. Може да помогне и во регулирање на обилната менструација.
извор:точка.ком.мк