Радио Милева

Драгана Мирковиќ потресена поради нападот во Виена „Цела ноќ не можев да спијам“

Драгана Мирковиќ потресена поради нападот во Виена „Цела ноќ не можев да спијам“

Сношти (02.11.2020) во Виена имаше терористички напад, а по тој повод се огласи и Драгана Мирковиќ која заедно со семејството живее во оваа метропола.

„Драги мои, бидејќи од сношти добивам многу прашања сакам на сите да ви порачам дека јас и моето семејство, како и оние ги познаваме, сите се добро“, почнува пејачката.

Таа во официјалното соопштение порача сите да се чуваат и да ги чуваат своите семејства.

„Многу сум потресена, цела ноќ не спиев гледајќи вести, а моите мисли и молитви се насочени кон настраданите во нападот во Виена и вакво нешто никогаш да не се повтори. Во овој момент сакам да ви порачам да се чувате себе и своите блиски. Ве сака Драгана“, заклучи Мирковиќ.

To top