Италијанскиот плејбој Џанлука Ваки стана татко. Милионерот кој го привлече вниманието со својот луксузен начин на живот и неговата свршеница, која е скоро две децении помлада, добија ќерка.
Парот ја објави среќната вест со фотографија на Instagram каде го споделија и името на бебето Blu Jerusalema Vacchi.
Шенон речиси цела бременост ја помина танцувајки покрај своето момче кое е вистински „зависник“ од танцување. А танцувањето не го заборавија ниту во болница, пред самите подготовки за породувањето на Шенон и сето тоа го објавија на социјалните мрежи.
Утрово Шенон се породи, а во таа чест Џанлука на својот Инстаграм профил објави емотивна фотографија, а во описот откри дека нивната штотуку родена ќерка ќе го носи името Блу Ерусалема Ваки.
Тој во описот напиша: Таа е со нас … Јас и Шарон сме среќни да објавиме дека утрово се роди нашата ќерка Блу Ерусалема Ваки. Фала му на Бога, таа е здрава и ние едноставно веќе ја сакаме повеќе од нашите животи.