Учениците во училиштето во англискиот град Писхевен останале во шок откако откриле дека нивниот професор по математика е всушност порно глумец. За двојниот живот на австралискиот билдер Скот Шервуд, учениците го запознале така што го побарале неговото на Гугл после школскиот одмор.
Професорот, кој веќе осум години снима филмови за возрасни, се крие под името Ерон Кејџ, пренесува The Sun.
Учениците после ова откритие започнале да ги споделуваат голите фототграфии, а наишле и на негово интервју на Јутјуб.
“Ова е мојот професор по математика. Се плашам”, напишала една од неговите ученички, а некои коментирале дека професорот снима филмови и под името Брајди Бич.
Училиштето сè уште не се изјасна за 50 годишниот вработен, но родителите на учениците се загрижени.
“Во училиштето ништо не ни рекоа, а на децата им рекле да молчат за тоа, така што не знаеме дали професорот ќе се врати на работа”, рече мајката на еден од учениците.
извор:точка.мк