Живот и Стил

Го забрзуваат метаболизмот и поттикнуваат производство на колаген: 3 комбинации на храна кои носат здравје

Го забрзуваат метаболизмот и поттикнуваат производство на колаген: 3 комбинации на храна кои носат здравје

Сместете ги овие намирници во овие комбинации што побрзо во вашето дневно мени и веднаш ќе почувствувате разлика!

Домат и масло
Доматот, како и многу други црвени овошја и зеленчуци, изобилува со ликопен (ова е главната компонента која ја одредува бојата на плодот). Ликопенот делува позитивно на целото тело, го поттикнува производството на колаген и помага во борбата против ултравиолетовите зраци. Храната која ја содржи оваа супстанца најдобро е да се јаде заедно со здрави масти како што е маслото од авокадо.

Цитруси и зелени намирници
Ако внимавате на вашето здравје, веројатно сте запознаени со благодетите на зелените намирници. Меѓутоа, да се изеде огромна чинија таква храна знае да биде исклучително тешко, но проблемот лесно се решава: додајте цитруси. Лимоновиот сок не само што го забрзува метаболизмот туку лесно се „спријателува“ со железото кое го содржи зелениот зеленчук.

Грав и ориз
Ако салатата не ве заситува довлно, тогаш оваа комбинација нема да ве држи гладни. Оризот содржи многу корисни елементи: калиум, цинк, железо… И покрај фактот дека оваа житарица изобилува со сложени јаглехидрати, таа нема висока содржина на калории. Од друга страна, мешунките се богати со протеини така што оваа „двојка“ не само што ќе ве засити туку и ќе ја избалансира вашата исхрана.

извор:точка.ком.мк

To top