Вистаграм

Модели на здолништа што ќе доминираат оваа сезона

Модели на здолништа што ќе доминираат оваа сезона

Есента ви носи можност да го носите вашето омилено парче облека на многу различни начини. Изберете здолниште што одговара на вашиот стил на облекување и што лесно можете да го комбинирате со остатокот од вашата гардероба.

Најпопуларни се здолништата со миди должина, а освен популарното плисирано здолниште, се носат и различни модели, бои и дезени, во зависност од стилот на облекување и од тоа што сакате да го постигнете со стајлингот.

Покрај црното миди здолниште, често ќе гледате раскроени здолништа во зелена и беж боја.

Во фокусот се и моделите со висок струк, а можете да ги комбинирате со сако, со тексасна јакна, како и со широки и тесни блузи или џемпери.

Оваа сезона не може да помине без цветниот принт, а кошулата фустан ќе ја замените со миди здолништа со закопчување по должината. Овој модел на здолниште најдобро се комбинира со класични блузи и ролки, како и со различни модели на блејзери, во зависност од пригодата.

извор: кафепауза

To top