Живот и Стил

Јасмин – совршена состојка за зимска рутина за нега на кожата

Јасмин – совршена состојка за зимска рутина за нега на кожата

Зимата секогаш подразбира мали измени во рутината за нега на кожата, но тоа не мора да значи дека треба да се направат радикални промени.

Некогаш е доволно само да се додадат една или две состојки и, проблемот е решен. Затоа, ви предлагаме во вашата рутина да вклучите поризводи на база на јасмин, бидејќи станува збор за билка која е одлична во борба против сезонски уморната кожа. Цветниот екстракт долго бил помеѓу состојките на многу производи, од парфеми до лекови против болки.

Кога ќе се нанесе преку хранлива крема на лицето, ја намалува видливоста на акните и сувата кожа. Не можеме точно да ја наречеме лек, но ниту тоа не е далеку од вистината. Јасминот нежно ја осветлува, ја смирува и ја навлажнува косата.

Јасминот е есенцијално масло и екстрактите можат да помогнат во враќањето на влажноста на кожата, како и заштита на кожата со антибактериски својства.

Покрај сè, тој е нежен и избалансиран, што значи дека не ја иритира чувствителната кожа ниту предизвикува ерупции на кожата склона кон акни, и покрај нејзините многу навлажнувачки својства. Јасминот е идеален за кожа на која ѝ е потребна хидратација. Кожата склона кон акни обично е дехидрирана, а не сува, а јасминот помага во намалување на дехидрацијата без преоптеретување на кожата со влажност. Во основа е многу универзална состојка.

Кога јасминот се нанесува на кожата, неговите ароматерапевтски својства имаат неспоредлив ефект на умот и телото. Затоа, зимата е дефинитивно период од годината кога одвреме-навреме нѝ треба малку опуштање.

извор:точка.ком.мк

To top