Радио Милева „Плива“ во пари

Со парите на тато ја шета Дара Бубамара: Откриена вистината за новото момче на пејачката

Со парите на тато ја шета Дара Бубамара: Откриена вистината за новото момче на пејачката

Пред неколку дена, пејачката Дара Бубамара замина на одмор во Занзибар, со своето 21-годишно момче Тони, и како што е напишано во српските медиуми, сето тоа всушност го финансира неговиот татко, бизнисмен од Италија.

Подароците и желбите ги исполнува и финансира партнерот на Дара кој „плива“ во пари, поточно неговиот татко, кој работи со ресторани низ цела Италија и важи за богат господин, пишува „Курир.рс“.

Близок пријател на Тони откри и што прави тоj.

фото:дара бубамара/инсатграм

Како што тврди, Тони не е премногу успешен во бизнисот, а неговата среќа е што неговиот татко е угледен бизнисмен кој заработува милиони. Точно е дека неговиот син му помага колку што може, но тој, наводно, не е ни приближно талентиран како неговиот татко и нема чувство за работа. Сепак, на неговиот татко воопшто не му пречи и е горд на својот наследник кој работи напорно, не е мрзелив и сака да заработи, па затоа му дозволува да троши пари каде и како сака, без ограничувања.

Како што понатаму се наведува, Дара и Тони во моментов престојуваат во еден од најлуксузните хотели, а бидејќи имаат посебен стан и директен излез кон базенот и плажата, за седум дена Тони плати околу четири илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony (@rbtony1) on

Неговиот пријател, исто така, за споменатиот медиум тврди дека Тони ја започнал својата деловна активност, односно дека влегол во бизнисот со крипто-валути (дигитална или виртуелна валута дизајнирана да функционира како средство за размена) и дека досега добро се снаоѓа.

Да потсетиме, младиот бизнисмен ја однесе Дару Бубамара на Малдиви минатиот месец, а за тој одмор плати повеќе од шест илјади евра за само неколку дена.

To top