Бик
По малку уморен и оптеретувачки ден. Морате да ги решите семејните проблеми, иако денес ќе немате ниту желба ниту волја за истото. Како и да е, на крајот од денот обидете се да најдете време за да се одморите. Никој нема тоа да ви го овозможи освен вие самите.
Овен
Во текот на овој ден можеби ќе ви е потребно повеќе труд, но ќе го остварите она што ќе го сакате. Сакате да се сретнете со луѓето кои одат но не сте се сретнале, но тоа нема да се случи денес. Најверојатно ќе останете во домашна атмосфера и тоа нема да ви пречи.
Близнаци
Првенствено ќе се посветите на своето семејство, на пријателите и на сите кои многу ви значат. Денес ќе сакате да заборавите на работата и тоа ќе го направите успешно. Одлични можности доколку сакате да ја поправите комуникацијата со некого. Не бидете нервозни.
Рак
Некои неодамнешни случувања ќе ве натераат да промените некои одлуки и правци. Но не грижете се, тоа нема да значи дека ќе се одрази негативно врз вас, туку можно е да донесе и некои позитивни промени коишто ви се потребни во моментот.
Лав
Во моментот се наоѓате во малку стресна ситуација а поради тоа вашите односи со партнерот можеби малку страдаат. Во следниот период мора да останете сконцентрирани и фокусирани и детално да ги проучите работите коишто ви се случиле, за да може да се подготвите за нови активности.
Девица
Блиска средба со подалечен пријател ќе ви го исполни денот, затоа зграбете ја можноста и дружете се колку што е можно повеќе. Ако чувствувате физичка привлечност, најдобро е да се препуштите на чувствата и да ја прегрнете убавината.
Вага
Финансиски можеби не стоите најдобро, но тоа секко не смее да биде препрека во вашите односи со претпоставените. Добро размислете пред да делувате и внимавајте што зборувате. Заборавете на некои нерешени конфликти и продолжете позитивно понатаму.
Шкорпија
Се чувствувате доста емотивно и некои неочекувани промени во вашиот живот во создадоа стресна ситуација. Добро е да поработите малку на односите со вашиот партнер и заеднички да се обидете да ги преминете препреките кои го попречуваат вашето нормално функционирање.
Стрелец
Премногу сте фокусирани на исполнување на желбите на другите и со тоа ги занемарувате вашите цели и лични потреби. Сега е добар момент да се посветите на личниот развој на остварување на тоа што вас ве исполнува. Не дозволувајте околината да ви ја разниша вашата самодоверба.
Јарец
Бидете малку подискретни и избегнете го озборувањето за да ги намалите непријатностите. Чекорите одлучно и признајте си ги слабостите коишто си ги имате, за да се извлечете од моменталната криза. Ако ви биде побаран некој совет или услуга бидете повеќе претприемчиви.
Водолија
Обидете се да воспоставите поинтимен контакт со вашиот партнер. Денешниот ден обидете се да го поминете исполнувајќи ги неговите желби, за да ги ублажите “киселите” односи. Избегнете да се дружите со луѓето коишто ви шират негативна енергија и зголемете ја вашата концентрација.
Риби
Целите премногу високо без да се задоволите со тоа што го имате. Сето тоа придонесува за чувствување на внатрешен немир. На љубовен план доста долго ја одолговлекување комуникацијата со личноста којашто ви се допаѓа. Крајно време е да го преземете првиот чекор.
извор:куманово њуз