Оваа есен се разликува од останатите, барем кога станува збор за модата. Веќе сме навикнати во првите денови од есента да се облекуваме во нешто посмирени и помонотони нијанси, меѓутоа тоа не е случај и оваа сезона.
Есента 2020 година ќе ја одбележат силни бои и впечатливи комбинации, а модните експерти предлагаат во гардероберот на секоја жена да се најдат мантил, јакна или капут во пинк боја.
Според нивните зборови, не постои дама на која оваа боја лошо ѝ прилега, а истата ќе внесе ведрина во тмурните, дождливи денови. Во продавниците можете да најдете капути и јакни во најразлични стилови, од спортски до елегантни, а на вас останува да го изберете оној кој најдобро се вклопува со вашата гардероба.
На ваквиот тренд не одолеаја ниту најголемите холивудски ѕвезди, а ние пронајдовме 10 комбинации кои се за чиста 10-ка! Погледнете ги фотографиите во продолжение и пронајдете инспирација за одличен стајлинг за наредните денови.
извор:точка.ком.мк