Натпреварувачката Ивана Димковски од „Ѕвездите на Гранд“ чиј ментор е Јелена Карлеуша, освои пет гласа од вкупно шест члена на жирито.
Вики Миљковиќ рече дека оваа девојка, чиј ментор е Јелена Карлеуша, е најдобрата пејачка меѓу конкурентите, по што Вики и Јелена имаа мирен однос без караници во текот на целата емисија.
Сепак, Драган Стојковиќ Босанац упати некои критики во врска со пеењето на Ивана, што на Карлеуша не и се допадна по што бурно, дури и вулгарно реагираше.
– Со сета почит, господине Босанац, не се*ите! – рече Јелена на што Босанац како постар и поискусен и попушти знајејќи го нејзиниот темпераментен карактер и остар јазик.
Тој и возврати само со тоа дека може така да им се обраќа на своите пријатели.