Пред точно три децении, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ застанаа на „лудиот камен“, а денес нивниот брак се смета за еден од најхармоничните на естрадата. За нивната гламурозна свадба се наголемо се говореше и пишуваше, а неретко за неа се зборува и денес.
Бројни естрадни sвезди присуствуваа на оваа голема свадбена прослава, а една пејачка ја имаше таа среќа да го фати бидермаерот што го фрли Брена. Подоцна и се посреќи богато да се омажи, а денес е исто толку голема ѕвезда колку и самата Брена, а можеби и побогата од неа!
Имено, малкумина знаат или се сеќаваат дека тоа е фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ, на која неколку години подоцна, среќата и се насмевна, па таа му се заколна на вечна љубов на нејзиниот избраник, Тони Бијелиќ, во Виена.
Драгана и Тони и денес уживаат во брак цели 21 година. Имаат две деца, никогаш не биле вмешани во скандали и важат за една од најхармоничните двојки на естрадата, слично како и Брена и Боба.
И потоа, нека каже некој дека нема нешто повеќе од само традиција во свадбените и невестинските адети?!