Јелена Карлеуша е едноставно неповторлива. Во се’, освен во едно – сексуалната провокација! Единствено таа и е константна и тоа секој ден! Без оглед дали се работи за приватно или службено излегување од дома, а и кога е дома и никаде не оди, Карлеуша секојдневно има нови епизоди, нова доза на провокација за предизвикување колективна дразба… Или поточни, колективна желба кај машката популација независно од која нација… Па и кај поединци од „понежниот“ пол!
Пред некој ден русокоста беше на гости, поточно на роденден. Ултрамодерно ама и ултрасекси облечена во виолетов деколтиран мини фустан, кој доволно открива иако далеку од она што може како провокација да го понуди поп-фолк дивата. Зато може да се каже дека оваа модна комбинација дури и е пристојна за неа. Овој пат провокацијата не е во комбинацијата, туку во „блудните мисли“ на пејачката! Или поточно копнежот наречен желба… Или поточно, глад за „,машко месо“!
Додека ја разгледуваше околината со чаша бело вино в рака, Карлеуша се обиде да најде „жртва за отсрел“, па она што го помисли, подоцна и јавно го обзнани:
„ME, LOOKING FOR FUCKS TO GIVE“… Или во слободен превод: „Јас… барам некого да му дадам“!
Арно ама, изгледа дека таа вечер русокосата – не најде!
Затоа провокацијата изгледа беше уште пожестока следниот ден, кога од приватното пејачката се префрли во работното милје, на снимањето на нова емисија од „Ѕвездите на Гранд“. Таму Карлеуша пристигна облечена како за на… знаете веќе што!
Најатрактивната членка на жирито дојде на снимање речиси гола!
Патем, не пропушти да се испослика, да направи уште една жешка фотосесија, која ќе ја сподели на социјалните мрежи.
Саша Поповиќ исто така не пропушти да фати и тој неколку кадри за себе лично со мобилниот. Потоа дома веројатно на раат ќе ги анализира атрибутите на колешката!
За уметничкиот доим да биде уште побогат и посекси, Карлеуша без комплекси промени уште неколку пози, пред да седне во „жири фотелјата“ во која секој што се соочил со неа, си ја земал на Господ белјата… А, можеби и не?
Во меѓувреме, русокосата свесна дека ја гледаат „илјада очи“ уште еднаш провокативно посочи дека… „Се’ уште бара некој за да му“… знаете веќе што!