Сузана Манчиќ не е некој кој многу зборува за својот приватен живот, но неодамна гостуваше во една емисија каде што откри непознати детали за јавноста.
Водителката гледајќи ги фотографиите од починатото бебе на Криси Тиген и нејзиниот сопруг, откри дека ја познава таа болка бидејќи и таа родила мртво бебе.
„Јас доживеав иста ситуација. Се сеќавам и ќе се сеќавам цел живот. Родив дете кое не преживеа. Можеби не требаше ова да го кажам. Лежевме шест жени, доаѓаа во посета, носат шрицови, храна, баби, стрини, тетки и велат: „Види ја Сузана Манчиќ“, тоа е исто како социјалните мрежи, а тоа беше само моја болка“, изјави Сузана и додаде:
„Тоа е ваш товар, ваше дете и тие никогаш нема да ве разберат, само вие“, заклучи водителката.