Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
- 6 парчиња пилешки стек
- 2 тиквички
- 6 парчиња пршута
- 6 парчиња моцарела
- Пармезан
- 1 јајце
- Презла
- Маслиново масло
- 2 лажици млеко
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и посолете. Посолете го и месото. На секое парче месо ставете пршута, малку од ренданите тиквички и парче моцарела па замотајте.
Изматете јајце, сол, бибер и додајте млеко. Ставете го месото во изматеното јајце, па во презла. Ставете хартија за печење во тавчето, додајте маслиново масло и ставете го месото во тава.
Секое парче месо прелијте го со маслиново масло. Печете околу 35 минути на 180 степени.
извор: кајгана