Живот и Стил

Кинески годишен хороскоп: Дознајте што ни носи годината на кучето

Кинески годишен хороскоп: Дознајте што ни носи годината на кучето

Кинеската година на кучето започнува на 16 февруари 2018-та година и завршува на 4 февруари 2019-та година. Експертите за астрологија истакнуваат дека годината на кучето ќе биде добро време за големи промени во стилот на живеење, како на пример промени во местото на живеење и работата. Кинезите веруваат дека доаѓањето на кучето во домот симболизира доаѓање на среќа, па веруваат дека годината на кучето ќе донесе многу добрини.

Единаесеттото по ред животно во Кинескиот хороскоп, кучето, симболизира лојалност и искреност. Луѓето родени во годината на кучето (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 година) ги поседуваат најдобрите одлики на човечката природа. Искрени се, пријателски расположени, верни, лојални, паметни, чесни и имаат силно чувство на одговорност. Како и сите останати, така и тие имаат недостатоци, а нивните се склоност кон праведност кон сопствените уверувања, студенило, голема тврдоглавост, невнимателност, преголема критичност кон другите и невешто однесување во социјалните интеракции.

Нивните среќни броеви се 3, 4 и 9, додека би требало да ги избегнуваат броевите 1, 6 и 7. Цвеќињата што им носат среќа се ружата и орхидејата, а боите се зелена, црвена и виолетова. Им се препорачува да ги избегнуваат сината, белата и златната боја.

Луѓето родени во годината на кучето ќе имаат одредена стабилност во текот на целата 2018-та година, а ќе им овозможи да го организираат својот приватен и професионален живот со сигурност и ефикасност.

1-kineski-godishen-horoskop-doznajte-shto-ni-nosi-godinata-na-kucheto-www.kafepauza.mk_

За сите останати знаци од Кинескиот хороскоп, годината на кучето ќе биде добро време за некои важни промени во животниот стил, како откажување од пушењето и промени во местото на живеење, како и за промена на работното место или за некои нови работни проекти. На глобално ниво луѓето повеќе од кога било ќе чувствуваат пократки периоди на осаменост или минливи меланхолии, што и не е чудно со оглед на тоа дека сѐ повеќе се отуѓуваме едни од други, а главниот медиум за комуникација стануваат социјалните мрежи. Сепак, таа самотија ќе им одговара на најнежните и најкреативните души помеѓу нас.

Примарен елемент на знакот куче е земјата, а секундарни се огнот и металот. Комбинацијата на оган, земја и метал значи дека во 2018-та година најголем прилив на пари може да имаат оние кои работат искрено и чесно. Годината на куче пак не е погодна за претерано трошење и непотребни трошоци.

Во 2018-та година успехот во љубовта и работата пред сѐ ќе зависи од квалитетната комуникација помеѓу луѓето и сфаќањето дека несебичноста и великодушноста се најдобриот животен избор и гаранција дека за возврат ќе го добиеме истото.

извор:кафепауза.мк

To top