Живот и Стил

Ден и ноќ: Вкусен колач во две бои

Ден и ноќ: Вкусен колач во две бои

Овој одличен есенски десерт се подготвува за многу кратко време.

Потребни состојки:

За бисквит:

  • 6 јајца
  • 300 грама маргарин
  • 400 грама шеќер
  • 150 милилитри млеко
  • 500 грама брашно
  • 100 грама какао

За крем:

  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 140 грама шеќер
  • 200 грама маргарин
  • 100 грама ореви
  • 300 милилитри млеко

Други состојки:

  • млеко за бисквитот
  • 50 грама бело чоколадо
  • ореви

Начин на подготовка:

Бисквит:

Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките, а потоа додајте половина од шеќерот и мешајте додека не се соедини смесата. Измешајте го маргаринот со остатокот од шеќерот додека не стане пенест и потоа додајте го во смесата.

Додајте ги жолчките, мешајќи постојано со миксер. По две минути, додајте го млекото, па мешајте уште една минута.

Потоа додајте ги белките и брашното во смесата и продолжете со мешање. Мешајте додека не исчезнат сите грутки.

Поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едниот дел додајте какао. Истурете го белиот бисквит во плех на кој претходно ќе ставите мрсна хартија.

Печете 20 минути на температура од 180 °C.

Повторете го истото и со темниот бисквит.

Крем:

Во тенџере додајте ги чоколадото, шеќерот, маргаринот и млекото и ставете го на тивок оган. Откако млекото ќе зоврие, додајте ги оревите и измешајте сè.

Редење на колачот:

Ставете го белиот бисквит на подлога, попрскајте го со млеко, нанесете ја едната половина од кремот, па одозгора ставете го темниот бисквит. Попрскајте го со млеко, а потоа нанесете го другиот дел од кремот. Нанесете го кремот додека е сè уште топол.

Оставете го колачот да се излади, па прелијте го со бело чоколадо, кое претходно ќе го растопите на пареа и одозгора ставете ситни парчиња ореви.

извор: кафепауза

To top