Експертите откриваат како миењето на косата пред спиење влијае на самото влакно и која е разликата во однос на утринското миење.
Тие објаснуваат и на што треба да внимавате доколку сакате вашата коса да изгледа убаво и бујно.
Ако имате навика да ја миете косата пред спиењето, можеби сте забележале дека следното утро таа изгледа помасно. Експертите велат дека косата всушност не е масна, туку само така изгледа бидејќи во текот на спиењето е притисната на перницата. Доколку таа е се уште влажна, во текот на ноќта ќе се сплеска многу повеќе за разлика од природното сушење. Всушност, на косата по спиењето ѝ недостасува волумен, па затоа изгледа масно.
Уште една причина зошто не е добро да ја миете косата непосредно пред спиењето е тоа што мокрото влакно е почувствително од сувото, а со триењето од перницата и вртењето во текот на ноќта, постои голема шанса вашата коса со текот на времето да стане сува и со оштетени врвови.
Ако имате навика да ја миете косата пред спиење, тогаш внимавајте на следните 5 работи:
1. Користете благ шампон
2. Избегнувајте тешки регенератори
3. Нежно исчешлајте ја по миењето
4. Нанесете препарат за поголем волумен
5. Спијте на сатенска или свилена навлака за перница