Радио Милева

Следбениците не престанаа да коментираат за изгледот на Елена Велевска без шминка (фото)

Следбениците не престанаа да коментираат за изгледот на Елена Велевска без шминка (фото)

Промените не се ништо ново кога се жените воопшто во прашање, а камо ли оние од естрадата. За да не и збогтисаат на публиката пејачките секојдневно го менуваат стајлингот, а честопати и изгледот… Од оние, поретките, периодични промени, како што се естетските зафати на лицето, усните, градите, задникот…, па се оние секојдневните. Но, публика е љубопитна и за природното издание на познатите дами, особено изгледот без шминка и фризура.

Елена Велевска важи за една од оние пејачки кај нас која особено внимаваат на себе, својот стајлинг и изглед, па затоа и е една од најпознатите и најпопулани фолкерки.

фото:елена велевска/фејсбук

Во текот на својата кариера, кога е изгледот во прашање, таа соработува со проверени стилисти кои се грижат да изгледа модерно и адекватно на нејзиниот сензибилитет како естрадна личност.

Позитивните новитети во животот секогаш ни даваат нова енергија, физички, прихички, па и визуелано, а тоа кај Елена се гледа откако се врати од одморот во Турција каде беше заедно со своите три деца.

фото:елена велевска/фејсбук

Освежена и одморена, Елена почувствува дека за најновата фотографија на социјалните мрежи нема потреба од шминка и пред своите обожаватели и следбеници покажа како изгледа во сосема природно издание.

фото:елена велевска/фејсбук

За овој изглед Елена доби лавина од комплимети.

„Лепото, Цеца може да се поклони пред тебе“ – гласи еден од коментарите.

To top