Радио Милева

„Тебе Македонија треба со закон да те заштити“: Карлеуша ја расплака тетката на македонскиот кандидат во музичкото шоу

„Тебе Македонија треба со закон да те заштити“: Карлеуша ја расплака тетката на македонскиот кандидат во музичкото шоу

Во последната емисија на едно од најпознатите регионални музички шоуа „Ѕвездите на Гранд“, настапуваа кандидатите од државите на екс Југославија.

Така, во саботното издание имаше неколку македонски кандидати, а некои од нив директно помина во четвртиот круг.

Александар Јосифовски од Охрид кој е под менторство на Ѓорѓе Давид се најде  во дуел со Тарик Јашар од Сараево.

Јосифовски  се претстави со песните „Обрати пежања“ и „Тешке боје“.

Македонецот ги освои сите пет гласа и помина директно во следниот круг.

фото: Принтскрин/јутуб

„ Би било неправедно да добиете еднаков број на гласови. Разликата е очигледна и ми е чудно што Тарик има и 4 гласа. Но, изгледаш како да слеговте од некоја убава, детска бајка, на оваа сцена каде сè не е само бајка. Песните ти беа ниски. Кандидат број два, супер, верувам во тоа што го пееш, оди напред“, прокоментира Марија.

Карлеуша имаше само пофални зборови за Македонецот, а успеа и да ја расплаче неговата тетка која  специјално дојде од Шведска да го поддржи Александар.

фото: Принтскрин/јутуб

„Тетке, ти можеш заедно да со Александар да си одиш во Македонија, Шведска, Охрид каде и да сакате, што се однесува до мене  тој не мора да се натпреварува. Овој дечко треба со закон да се заштити“, изјави Јелена.

„Ти си толку оригинален Александре, се согласувам дека си за финале“, изјави Вики.

фото: Принтскрин/јутуб

Босанац и Снежена го критикуваа македонскиот кандидат што често поместувал микрофонот додека пеел, а со нив и се сложи неговиот ментор кој откри на што го принудил.

„Овде не можеш тезгарошки. Имаш убав глас, а тоа што го правиш на сцена е ужасно“, беше гласен Давид и додаде дека последните два дена се расправал со Александар околу тоа поместување на микрофонот.

Неговиот настап може да го погледнете на видеото подолу на 1ч и 32 минути.

To top