Доколку сте одлучиле да се откажете од млеко во кафето или пак едноставно сакате да го истакнете вкусот на омилениот напиток, тогаш пробајте го овој трик.
Кога ќе дојдете на работа, а зад вас сте имале „напорен викенд“, на брзина треба да се разбудите и да се освестите, нема подобра работа од кафе.
Пиењето горко кафе, за моногумина не е омилено, но за среќа може да го „поправите“ тој вкус и тоа со – сол.
Освен што така ќе ја намалите неговата горчина и со самото тоа нема да имате потреба да посегнете по шеќер или пак млеко, кафето ќе има подобар вкус.
Совршена мерка според Алтон Браун е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе со една голема шолја вода.
Секако, доколку неговата препорака е голема количина кафе за вас, тогаш треба да ја прилагодите според вашиот вкус.
Сè што ви треба е кафе и сол.
Ставете ја солта во горкото кафе и помешајте.
Солта неверојатно се поврзува со работите кои што ја детектираат горчината и кафето го прави попријатно за пиење.
извор: точка.мк