Во последните неколку години, кокосовото масло стана задолжително ако практикувате здрава исхрана.
Многумина веруваат во неговите речиси чудотворни моќи, а освен во кујната, редовно се користи и во третманите за убавина. Но, една професорка смета дека кокосовото масло е подеднакво лошо за вас како и „чистиот отров“. Тврдењето го изнела д-р Карин Микелс, професорка на факултетот за јавно здравје „Harvard TH Chan“ и директорка на Институтот за превенција и епидемиологија на тумори на универзитетот во Фрајбург, во текот на говорот насловен „Кокосово масло и други прехранбени грешки“.
Во говорот, д-р Микелс изјавила дека кокосовото масло е една од „најлошите намирници кои можете да ги консумирате“ поради штетното влијание на заситените масни киселини во него. Тоа се противи на врежаното уверување дека кокосовото масло е добро за вашето здравје бидејќи претходно се сметаше за „суперхрана“ која во кујната може да се користи како компонента на било кој оброк.
Минатата година, експерти од Американското здружение за срце објавија дека кокосовото масло содржи заситени масни киселини и дека луѓето треба да го заменат со оние незаситените бидејќи со тоа може да се намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.
Исто така, според д-р Микелс, консумацијата на кокосово масло е „далеку поштетна од консумацијата на свинска маст“ бидејќи претежно се состои од заситени масни киселини, известува „Business Insider“.
„NHS“ наведува дека консумирањето храна која содржи заситени масни киселини може да го зголеми ризикот од развој на коронарни болести на срцето, поради порастот на нивото на лошиот холестерол во крвта, наведува „The Independent“.
извор: точка.мк