Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток (01.Октомври,2020 година)

Дневен хороскоп: Четврток (01.Октомври,2020 година)

ОВЕН

Работа: Имате јасно зацртани цели. Свесни сте за тешкотии и полека, една по една ги решавате.

Љубов: Сакате да минете што повеќе време со партнерот, но поради неговите фамилијарни обврски, не можете.

Здравје: Солидно здравје.

БИК

Работа: Работните планови ги реализирате со она темпо како што сте планирале.

Љубов: Имате нагласена потреба за блискост со партнерот. Вашите желби се и нејзини желби.

Здравје: Притисокот е нестабилен, па поради тоа расположението варира.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ви се трошат идеите за решавање на работните проблеми.

Љубов: Вљубени сте, и уживате во времето минато со другата половина.

Здравје: Физички сте неактивни и сега ги чувствувате последиците.

РАК

Работа: Полни сте со позитивна енергија и со многу отпимизам тргнувате да ги решавате насобраните работни проблеми.

Љубов: Ако сте во брак, ви недостасува внимание од партнерот.

Здравје: Водете сметка околу начинот на исхраната.

ЛАВ

Работа: Подготвено се соочувате со работните предизвици. Вашата упорност, амбиции и сериозност носат конкретни резултати.

Љубов: Имате потреба за блискост со партнерот, но тој е нервозен.

Здравје: Чувајте се од настинки.

ДЕВИЦА

Работа: Ги анализирате повеќето работни идеи и не сте сигурни за која да се одлучите. Сите имаат предности и недостатоци.

Љубов: Не ги покажувате своите емоции на партнерот. Нему му пречи и отворено покажува незадоволство до вашето однесување.

Здравје: Нестабилен притисок.

ВАГА

Работа: Работните преговори со странство одлично напредуваат.

Љубов: Ако сте во брак, презадоволни сте од односот со партнерот. Отворено му покажувате колку ви значи.

Здравје: Можни се добро познатите проблеми со алергијата.

ШКОРПИЈА

Работа: Не постигнувте успех на работа и поради тоа сте фрустрирани.

Љубов: Емотивно сте задоволни, затоа што вашиот партнер ве разбира и ви пружа поддршка.

Здравје: Чувствувате замор.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Во споредба со колегите, многу сте поуспешни и поради тоа прилично задоволни.

Љубов: Емотивно сте неисполнети. Имате потреба за врска, но не успевате да запознаете некој кој ќе ве заинтересира.

Здравје: Добро.

ЈАРЕЦ

Работа: Ако нешто не сакате тоа е изненадувачко менување на плановите. Ви треба време за да ги прифатите новите работи.

Љубов: Ја исполнувате желбата на партнерот поголем дел од времето да минете во интимна атмосфера.

Здравје: Солидно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Поволен дел за приватни работници. Парите кои ги чекате веќе некое време, конечно, стигнуваат на вашата сметка.

Љубов: Емотивно сте незадоволни, но и незаинтересирани за ова поле.

Здравје: Очите ви се уморни, избегнувајте седење пред компјутер.

РИБИ

Работа: Неповолен ден за приватни работници. Добивате информација дека парите нема да стигнат до вас денеска.

Љубов: Рибите во брак уживаат максимално во блискоста и сигурноста која партнерот им ја пружа.

Здравје: Одлично.

извор:нетпрес.ком.мк

To top