Живот и Стил

Ова е најлошата работа што можете да ја чувате во својот паричник

Ова е најлошата работа што можете да ја чувате во својот паричник

Постојат многу предмети кои веројатно не би требало да се наоѓаат во вашиот паричник. На пример, предмети од голема важност кои би можеле да ви зададат главоболка во случај да ги изгубите.

Меѓутоа, постои уште една работа која би можела да претставува сосема поинаков ризик ако се чува во паричник. Според зборовите на експертите, најлошото нешто што можете да го чувате на ова место е кондом.

Тоа е затоа што, ако е предолго во паричникот, може да предизвика влошување на неговиот квалитет, предупредуваат од “Lifestyle”, компанија која произведува кондоми.

Покрај тоа, кондомот би можел да пукне ако дојде во контакт со нешто остро.

“Носењето на кондом во паричник, каде може да се превитка или да седнете на него, може да предизвика уништување на неговата опаковка. Но, дури и ако опаковката изгледа во ред, кондомот внатре можеби нема да биде во ред”, пишува доктор Ејми В. Анцилоти за “Teens Health” и додава: “Кондомите може прилично да се истрошат ако ги носите во паричник. Тоа значи дека може полесно да пукнат”.

Следниот вообичаен проблем е тоа што луѓето често забораваат на кондомите кои ги оставиле во паричникот.

“Постарите кондоми исто така имаат поголема веројатност дека ќе пукнат при користењето. Топлината на телото е уште една работа поради која материјалот на кондомот со време се распаѓа”, објаснува Анцилоти.

И додека е сосема во ред кондомот да се носи по неколку часа во преден џеб, Анцилоти препорачува да избегнувате да го носите во задниот џеб бидејќи би можел да се загрее додека седите на него.

“Ако кондомот делува како да е прекршен, опаковката избледела или изгледа како кондомот да може да пукне, фрлете го”, советуваат од “Lifestyle”, пренесува “Best Life”.

извор:точка.ком.мк

To top