Таа е жена огнена, а за нејзиниот стил на облекување и нема потреба многу да се коментира, бидејќи на сите им е добро познато дека Јелена Карлеуша е најиндивидуалната српска пејачка на естрадата.
Дали некому му се допаѓа или пак не, тоа воопшто не ја засега, а најважно и е да биде своја, секогаш впечатлива и брутално секси.
Деновиве таа повторно се упати кон студиото на „Гранд“ продукција за снимањето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде неколку сезони е член на жирито, а овој пат облече стајлинг кој е празник за очи за посилниот пол како однапред, така и одзади.
-Сочно, напиша самата во описот на една од фотографиите која ја објави на Инстаграм, а сосема јасно и е дека сите ќе гледаат само во неа и никој друг!