Внуката на никогаш прежалената принцеза Дијана, Лејди Кити Спенсер пред неколку денови прошетала на модната писта на Долче и Габана за време модната недела во Милано, пренесува Космополитан.
Мораме да признаеме дека со овие фотографии таа потсети на својата тетка, која била позната како голема љубителка на модата, па и така останала една од најголемите модни икони на сите времиња.
27 годишната Лејди Кити Спенсер е најстарата ќерка на братот на Дијана, Ерл Чарлс Спенсер и се појави на ревијата на Долче и Габана во Милано. Таа носеше бајковит, цветен фустан со тијара на главата, а целата атмосфера ја споделила на социјалните мрежи и на својот Инстаграм профил.
Ова не е прв пат таа да шета за модната куќа Долче и Габана, со оглед на тоа дека со манекенство се занимава подолго време и веќе стекнала големо искуство на пистите.
Мораме да признаеме дека со овие фотографии таа потсети на својата тетка, која била позната како голем љубител и познавач на модата, па и така денес е една од најголемите модни икони на сите времиња.
извор:точка.мк