Радио Милева

Сузана Турунџиева на гости кај Атиџе: „Ова е најдоброто кое ми се случи во 2020 година“ (фото+ видео)

Сузана Турунџиева на гости кај Атиџе: „Ова е најдоброто кое ми се случи во 2020 година“ (фото+ видео)

Оваа 2020 година сите ќе ја паметиме како исклучително тешка, година која не измести од колосек и важи за промашена.

Но во темнината секогаш светлото од некаде ќе пробие. ТВ водителката, музичар и писател, Сузана Турунџиева вели дека годината и тргнала лошо, но средбата со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, пријателството и посетата на нејзиниот дом, се најдобро нешто кое и се случиле.

фото:сузана турунџиева/фејсбук

Сузе преку фотографии на кои разговараат, се прегрнуваат, пијат кафе, но и едно виде каде заедно пеат, ја долови енергијата која ја доживеала таму, а во описот својата средба со Атиџе ја раскажа вака:

 

View this post on Instagram

 

#honeyland #makedonskodevojce #medenazemja #medenazemlja #меденаземја

A post shared by Сузана Турунџиева (@suzana_turundzieva) on

-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.
Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..
Фала ти животе, пишува Сузана.

фото:сузана турунџиева/фејсбук

Инаку, деновове во медиумите се појави информација дека Атиџе Муратова повторно имала проблеми со соседот, а реагирала и полицијата.

To top