Живот и Стил

Еве зошто треба да ставите сад со оцет во машината за миење садови

Еве зошто треба да ставите сад со оцет во машината за миење садови

Белиот оцет е неопходен во секоја кујна, бидејќи може да се користи за многу работи во домаќинството. Заедно со сода бикарбона и лимон, станува одличен чистач, а салатите тешко можеме да ги зачиниме без него.

Како самостоен чистач, можете да го користите за стакло на прозори, за дезинфекција на мијалници, подови, машина за перење, крпи и многу други работи.

Во машина за миење садови, можете да го користите ако средство за плакнење. Водата од машината, поради премногу бигор, може да остави дамки на чашите приборот. Можеби некогаш сте забележале дека по миењето во машина за миење садови, вашите садови едноставно не светат како што треба. Ако ставите една чинија оцет во машината за миење садови меѓу валканите садови, оцетот ќе го растопи бигорот во водата при испирање, а садовите ќе излезат брилијантно чисти.

извор:кафепауза.мк

To top