Кога се раѓаат деца, тие не гледаат многу – тие разликуваат само светлина и темнина, сè е како во магла и гледаат сè во црно-бело. Мајката кога им се смее, ја гледаат како сивкаста маса.
Потребно е малку време за да се расчисти нивната визија и да го видат светот околу нив во боја.
Британскиот хирург за очи д-р Ромеш Ангунуа направи интересен GIF кој покажува како се менува видот на детето од моментот на раѓање до првиот роденден.
„Визуелниот кортекс на мозокот зафаќа скоро третина од целиот мозок и почнува да учи да обработува визуелни информации кога бебето прв пат ќе ги отвори очите“, објаснува лекарот.
Како што можете да видите на GIF-от, бебињата почнуваат да ја гледаат бојата на возраст од три месеци, а црвената е првата боја што ја препознаваат.
извор:попара.мк