Живот и Стил

Дали често користите програма за брзо перење облека? Поевтино е, но има и недостатоци …

Дали често користите програма за брзо перење облека? Поевтино е, но има и недостатоци …

Програмите за брзо перење облека во машина се многу корисни, а штедат време и пари но не можеме а да не се прашаме дали ја завршуваат својата работа како што треба. Сите знаеме дека станува збор за заштеда на време, особено кога понекогаш се соочуваме со вистинска “планина” од валкани алишта во корпата но многумина понекогаш со право се прашуваат дали работите што се перат на таков начин се навистина чисти.

За да бидете сигурни дека правилно ја користите функцијата за брзо перење еве што да барате:

Програмите за брзо перење имаат свои ограничувања. Секој знае дека брзата програма е одлична идеја бидејќи троши помалку енергија, вода и детергент, а облеката е подготвена за сушење за само половина час (или дури и порано). Но, треба да знаете дека ваквите програми не се семоќни, особено кога станува збор за работи што се многу валкани и со тврдокорни дамки. Затоа на овој начин исперете ја облеката што не е валкана, а за сериозно валканите работи изберете програми со повисока температура и подолго време на циклус.

Изберете го вистинскиот детергент

Детергентот исто така игра голема улога. Класичните детергенти содржат ензими и се најдобриот избор за отстранување дамки. Но еко-детергентите кои не содржат белило или ензими се помалку успешни во отстранувањето на дамките, иако тие се одличен избор за луѓе со чувствителна кожа. Ако користите брзо перење, треба да знаете дека плакнењето ќе биде пократко од вообичаеното миење, па затоа е најдобро да ја наполните машината со облека и да користите половина доза детергент за да бидете сигурни дека е добро измиен од детергентот.

Одржувајте ја машината правилно

Ако редовно ја перете облеката на ниски температури може да забележите дека мириса на мувла вашиот апарат поради акумулација на мувла и бактерии. За да го отстраните ова измијте ја машината без предмети и детергент на повисоки температури на секои неколку недели и добро измијте ја фиоката за детергент и гумениот прстен околу барабанот.

извор:попара.мк

To top