Промотер

„Тропико бенд“ пред скопскиот концерт со нов спот- „Само иди“ (ВИДЕО)

„Тропико бенд“ пред скопскиот концерт со нов спот- „Само иди“ (ВИДЕО)

Пред големиот солистички концерт закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, момчињата од „Тропико бенд“ решија да ги израдуваат своите фанови. После три години од излегувањето на последниот албум, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.

„Синглот Само иди е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика, иако сите три песни се сосема различни, не само една од друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“ – вели Сале, фронтменот на Тропико.

После видеото за песната „Само иди“ се очекува екранизација и на дуетската песна со Џенан Лончаревиќ, и тоа под будното режисерско око на Вук Костиќ.

„Повторно ги вкрстивме копјата со Џенан, но и со Вук, кој покрај улогата на режисер се најде и во главната улога во спотот. Единствено што можам да кажам е да очекувате едно големо изненадување и вистинска филмска приказна!“ – вели Сале.

Уживајте во новиот сингл „Само иди“ и на 28 април оние кои ја сакаат нивната музика нека не го пропуштаат нивниот концерт во Скопје, зашто познавајќи ја нивната енергија, музичко-сценски спектакл е она што најмалку може да се очекува од Тропико бенд.

To top