Соња Вуксановиќ веќе со месеци не е во брак со фолкерот Аца Лукас, а сега откри зошто се уште го носи неговото презиме.
-Се уште сум Вуксановиќ, додека мојот поранешен сопруг не се смилува да ми даде развод, се шегувам. Ќе го носам презимето уште некое време поради технички причини, поради Викторија кога патуваме, пасошот на Софија одамна не ме интересира.
А малку е незгодно да имате три презимиња на пасошот, вели Соња во емисијата „Премиера“. Таа додава и дека Аца Лукас е добар татко:
-Аца е татко на Викторија и во таа улога е навистина одличен. А ние мораме да бидеме цивилизирани во односите, открива Соња.
Инаку Лукас и Соња се разведоа пред извесен период, а таа го обвини за насилство.