Македонскиот трубач од светска класа, Џамбо Агушев доби трета среќа, стана татко на уште една ќерка.
Тој гордо ја сподели оваа вест на својот профил на Фејсбук.
„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојте во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на неговиот фејсбук профил.
Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка која го доби името Мелинам.
За потсетување, неодамна Џамбо Агушев, се пофали дека неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар албум според престижната “German Record Critics” за 2020 година.