Промотер

Прилепчаните „The Dreamers“ ги претставуваат своите први музички „Уживања“ (видео)

Прилепчаните „The Dreamers“ ги претставуваат своите први музички „Уживања“ (видео)

„Уживања“ е првата песна прилепската група „The Dreamers“ која ја сочинуваат: Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска, како вокали, на клавијатури свири Кире Најдоски, а на гитара Милан Секулоски.

Музиката и текстот се нивни заеднички, додека аранжманот е на Рубин Димкоски, а микс и мастер се работени во R Music Studio.

Нивното првенче е изработено и со видеоспотот кој е дело на „FanProdukcija“, режија Оливер Ангелески, монтажа Георгиј Трајкоски, камера Александар Ристески, Георгиј Трајкоски, дрон оператор Мартин Милкоски, светло Театар „Чин4Сцена5“ и шминка Валентина Ѓорѓиоска.

„The Dreamers“ со оваа песна го најавуваат и првиот албум што се очекува да биде готов напролет.

To top