Летото им е омилено годишно време на многумина, но има и многу митови поврзани со него. На пример, дали вашата баба ви велеше да не пиете вода откако ќе јадете цреши затоа што ќе ве боли стомакот? Или дали вашата пријателка ве советуваше да купувате само скапи кремови за сончање затоа што тие се подобри? Прочитајте што се крие зад најпопуларните летни митови.
Поради топлината, алкохолот има посилен ефект
Ова не е мит, туку факт. Кога пиете на високи температури, алкохолот дејствува поинтензивно. Покрај тоа што дејствува посилно, можете да испиете многу повеќе алкохол затоа што сте жедни. Обрнете внимание колку алкохол внесувате и не заборавајте да пиете и вода.
Поскапите кремови за сончање се подобри
Погрешно е мислењето дека поскапите кремови за сончање ве штитат повеќе од штетните сончеви зраци. Експертите посочуваат дека речиси секој крем за сончање штити добро од УВ-зраците. Важно е да обрнете внимание на заштитниот фактор, како и на фактот дека треба да нанесувате крем за сончање на секои 2-3 часа.
Откако ќе јадете сладолед или цреши, не смеете да пиете вода
Ниту едно истражување не покажуваа дека ова е вистина. Всушност, експертите дури посочуваат дека би било добро да пиете вода. Освен тоа, тие објаснуваат дека овој мит веројатно настанал од хигиенски причини кои немаат никаква врска со пиењето вода по јадењето сладолед или цреши. Во минатото не се спроведувале ригорозни контроли врз производството на сладолед, а честопати децата не ги миеле црешите добро, па бактериите влегуваат во желудникот и предизвикуваат грчеви и болка.
Можете да изгорите и под сенка
И ова не е мит, туку факт. Можеби не ви изгледа така, но ќе се исончате и под сенка. Експертите објаснуваат дека 50% од УВ-зраците стигнуваат и до сенката. Затоа треба да користите крем за сончање дури и кога сте под сенка.
Комарците сакаат слатка крв
Во овој случај, не станува збор за слатка крв, туку за состојките во потта што некои луѓе ги произведуваат повеќе. Истражувањата покажуваат дека бремените жени и луѓето со прекумерна телесна тежина ги привлекуваат комарците повеќе.
Влажниот костум за капење може да предизвика воспаление на мочниот меур
Вистина е дека влажниот костум за капење може да предизвика воспаление на мочниот меур. Влажната и ладна облека го олеснува ширењето на бактериите, кои можат да стигнат и до мочниот меур.
извор:кафепауза.мк